ЧПП • KFC – Macedonia КФЦ Македонија - Најдоброто крцкаво домашно пилешко по уникатен рецепт
Новости
Испрати CV
Нашите ресторани се наоѓаат во City Mall, Ramstore Mall и Point Retail Park во Скопје како и во Palma Mall, во Тетово.
На следниот линк можете да го погледнете нашето мени со сите производи и цени. https://www.facebook.com/kfcmacedonia/menu/
Моментално сме во потрага по наоѓање на локален партнер за производство и набавка на производот. Рокот на производот е ограничен на 3 дена па од тука и произлегува предизвикот за пронаоѓање на партнер кој може да ги снабдува нашите ресторани континуирано на секои 2-3 дена.
За сите активни огласи ве молиме следете ја нашата FB фан страна на која ги објавуваме сите активни огласи за работа.
Сите активни промоции можете да ги најдете на нашата FB фан страна или може да се информирате во некој од нашите ресторани.
Витаминка е една од двете компании од Македонија која го помина процесот на добивање дозвола и неопходен стандард за производство и подготовка на производи наменети за KFC според утврдените правила на нашата групација YUM! Ние како компанија се стремиме да потикнеме и други локални компании да поминат низ истиот процес и да ги обезбедат неопходните стандарди за да се вклучат во соработка со нашата компанија.
За подготовка на нашите производи е потребно од 4 до 15 минути, зависно од парчето месо кое се подготвува. Подготвените производи се складираат во „Holding Cabinets“ и според нашиот „Golden Chicken“ стандард треба да се искористат од 30 до 90 минути повторно зависно од парчето месо. Доколку „Holding Cabinets“ се празни треба да се почека за да се подготват нови свежи парчиња месо.
Состојките и месото се набавуваат од сертифицирани довавучи од страна на нашата групација YUM! Тие секогаш поминуваат низ проверки кои се во регулација со најстрогите стандрди за Безбедност на Храна. Конкретно пилешкото месото се набавува од Република Бугарија, од прозводителот Pilco.
Производите поминуваат стандардизиран процес на подготовка и зависно од производот се одредува начинот на маринирање, похување и печење. Нашиот пат на подготовка е сосема различен од нашите конкуренти и за разлика од нив, откако ќе го добиеме свежото месо се пристапува кон процесот на подготовка според наведените стандарди со цел нашите гости во секое време да уживаат во препознатливото пилешко.
KFC брендот е познат и уникатен по подготовката на пилешко месо како крилца, копани, мини филети, филети и месо со коска, и специјалитети од пилешко месо како бургери и врапови. Покрај овие производи ние нудиме и видови на десерти, пченка, зачинет компир и помфрит како и разни пијалоци.
Маслото со кое се подготвува нашето месо е висококвалитето масло од сончоглед и коприва. Маслото поминува низ повеќе филтрации во текот на денот, а филтрите на нашите печки се менуваат два пати во денот.
Квалитетот се оценува според неколку критериуми, тоа се: температурата на подготвеното месо која се проверува неколку пати во текот на денот, анализирање на примерок од подготвено парче месо каде се анализираат бојата, текстурата и вкусот на месото од страна на нашите Менаџери, како и строга контрола на и проверка на нашиот „Golden Chicken“ стандард кој подразбира одржување на свежината и крцкавоста на месото.
Пилешкото кое го користиме е 100 % пилешко месо и не е процесирано месо. Пилињата и кокошките се одгледуваат на фарми и со храна со високо нутритивни вредности. Користењето на антибиотици и други лекови е строго контролирано и забрането.
Рецептот кој е направен и непроменет од 1940 година од нашиот основач Colonel Sanders се состои од 11 зачини и билки. Истиот е тајна која се чува заштитена во сефот во седиштето на KFC во Кентаки, Луилсвил, САД.
Нашето месо се подготвува исклучиво со бело пченично брашно и тајните зачини и билки кои ги добиваме во вакумирани кесички од сертифицирани добавувачи и кои се мешаат во брашното пред подготовка.
Сите кеси и пакувања кои ги користиме се биоразградливи со исклучок на пластичните цефки и лажички кои ќе бидат променети до крајот на 2020 година.