KFC Македонија вработува

KFC е лидер во послужувањето пилешко. Како еден од најголемите ланци на храна во светот, брендот денес е застапен во 135 земји со 21,000 ресторани во светот. KFC во Македонија започна со работа во 2018 година и денес брои 4 ресторани. Компанијата нуди одлични услови за работа, со забавно и мотивирачко опкружување и можност за личен развој и кариерно напредување.

Тимот на KFC Македонија се шири и сме во потрага по диспечери. Лицата треба да бидат подготвени да работат како дел од тимот за испорака, следејќи ги стандардите и процесите на компанијата за правилна и точна достава. Диспиџерите треба да бидат љубезни, одговорни, организирани и подготвени да понудат одлично искуство на нашите клиенти.

МЕСТО: Скопје

ОДГОВОРНОСТИ:
– Примање на нарачките од клиентите ефикасно и професионално
– Контрола на нарачките и нивно следење
– Обезбедување на одлична услуга на клиентите, справување со поплаките
– Координација со доставувачите и нивна органзација

КВАЛИФИКАЦИИ:
– Завршено средно образование
– Познавање на англиски јазик
– Високо ниво на организираност
– Способност за работа под притисок и кратки временски рокови
– Способност за управување со време
– Добри комуникациски вештини и одговорен пристап кон работата
– Културен, љубезен комуникатор
– Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција ќе се смета за предност

Заинтересираните кандидати е потребно да испратат CV на [email protected], со натпис “Диспечери” најдоцна до 15.12.2021 година или да се јават на 070 266 491. Ви посакуваме многу среќа!