KFC е еден од најголемите светски ланци за храна, има франшиза на повеќе од 22.000 продажни места во околу 130 земји. Рестораните го нудат заштитниот знак на полковникот-пржено пилешко.
Првиот ресторан во Македонија е отворен во 2018, во моментов имаме 5 ресторани и повеќе од 140 вработени. Наскоро ќе се отворат уште неколку ресторани па затоа сме во потрага по квалификувани кандидати кои ќе сакаат да ја споделуваат нашата визија, вредности и посветеност. Кандидати со неверојатни идеи кои се секогаш насмеани.
Ако сакаш да се придружиш на нашето големо семејство, ако сакаш да растеме заедно, пријави се за некоја од следниве работи позиции:
- Готвач/Back of House (BOH) – Ќе бидеш одговорен/на за подготовка на сите наши познати пилешки специјалитети.
- Вработен во кујна/Middle of House (MOH) – Ќе бидеш одговорен/на за подготовка на сите наши вкусни сендвичи и останати специјалитети.
- Касиер/Front of House (FOH) – Ќе бидеш одговорен/на за беспрекорната услуга која им ја нудиме на нашите клиенти.
Што очекуваме:
- Завршено средно образование,
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност,
- Одлични комуникациски вештини,
- Проактивност,
- Способност за работа во тим.
Што нудиме:
- Работа во меѓународна компанија со можност за кариерен раст и развој,
- Конкурентна основна плата и додатоци на плата за работа ноќе, недела и за празник,
- Тимски месечен бонус за остварен таргет,
- Бонус за лојалност кој се исплаќа на крајот од секоја година,
- Бонус за препорачан пријател,
- Слободен ден за роденден и подарок ваучер викенд за двајца,
- Можност за стипендија на реномирани факулети,
- Работа во смени по однапред дефиниран распоред,
- Организиран и платен превоз за втора смена,
- Платен минат труд,
- Дневен бесплатен оброк,
- Попуст од 20% на сите производи во сите KFC ресторани.