KFC Македонија вработува

Тимот на KFC Македонија се шири на нова локација и сме во потрага по МЕНАЏЕР НА СМЕНА кој со својата ангажираност, обука и мотивирање на вработените ќе придонесе за одличен тим и одлично место за работа. Менаџерот на смена проактивно го поддржува целиот тим за ефикасно работење на ресторанот притоа запазувајќи ги сите процедури и стандарди според кои работи КФЦ.

МЕСТО: Скопје

ОДГОВОРНОСТИ:

• Поддршка на менаџерскиот тим за следење и развивање на нови вработени преку тренинзи
• Успешно решавање на поплаките и прашањата на клиентите во согласност со политиката на компанијата
• Создавање на средина којашто е фокусирана на клиентите
• Максимизирање на продажбите во својата смена
• Контрола врз залихата и бројот на вработени во ресторанот
• Изготвување на извештаи по секоја смена
• Обезбедување максимална безбедност на своите вработени
• Oбезбедување непрекинато работење на ресторанот и распределување задачи меѓу вработените
• Контрола врз спроведувањето на процедурите за подготовка и складирање на производите
• Одржување уникатна атмосфера за нашите гости

КВАЛИФИКАЦИИ:
• Завршено средно образование
• Основно познавање на Microsoft Office
• Основно познавање на англиски јазик
• Вештини за решавање на проблеми
• Способност да планира и евалуира процеси
• Способност за користење на сите расположливи ресурси за поголема профитабилност
• Проактивност и работа под притисок

ШТО НУДИМЕ НИЕ:

• Професионална обука
• Национална и меѓународна мрежа за кариера
• Можност за унапредување
• Конкурентна плата (со плаќање на прекувремени, ноќни и празнични дневници, минат труд и сите давачки согласно законот)
• Дневен бесплатен оброк и попуст од 20% на сите производи од компанијата

Заинтересираните кандидати е потребно да испратат CV на [email protected], со натпис “Менаџер на смена” до 15.12.2021.