ОТВОРЕНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: МАРКЕТИНГ АСИСТЕНТ

 

KFC Македонија го шири својот маркетинг тим и е во потрага по Маркетинг Асистент.

 

Позицијата нуди одлична можност за сите квалификувани и мотивирани кандидати кои имаат страст за кариера во маркетинг и желба за раст во интернационална компанија. Работната позиција вклучува поддршка во секојдневните активности на секторот, вклучувајќи развој на маркетинг стратегии за градење на свесност за брендот, имплементација на продажни тактики, интегрирани маркетинг кампањи и следење на резултати.

 

Потребни вештини:

– Способност за работа во динамично работно опкружување

– Креативно размислување и познавање на актуелни маркетинг трендови и канали на комуникација

– Развиени организациски и комуникациски вештини и способност за мултитаскинг

– Енергична, одговорна и исполнителна личност, способна за работа во тим

– Одлично познавање на англиски јазик

– Одлично познавање на Ms Office пакетот (Word, Excel, Power Point)

– Диплома за завршено високо образование во сферата на Маркетинг и претходно работно искуство на оваа или слична работна позиција ќе се сметаат за предност

 

Што нудиме?

  • Кариера во еден од најпознатите светски брендови за храна
  • Искуство во интернационална компанија, со можност за учење и напредок во областа на маркетингот
  • Динамична и позитивна работна атмосфера во тим

 

Рок за аплицирање: 27.12.2020. Сите заинтересирани кандидати може да испратат свое CV на jobs@kfc-mk.com со назнака за Маркетинг асистент.