Зошто да работите во KFC Macedonia?

Ние сакаме луѓе со извонредни идеи и луѓе кои се насмеани.
Брендот KFC е прв кога е во прашање подготовка и послужување на пилешко. Еден од најголемите ланци во светот за храна, компанијата е сопственик и франшизер на повеќе од 22.000 локации во 130 држави. Рестораните го нудат познатиот пилешки рецепт на Полковникот Sanders, заедно со сендвичите и другите пилешки специјалитети. KFC е дел од групацијата YUM! Под кој оперираат Pizza Hut и Taco Bell.

KFC Macedonia само што отвори 2 нови ресторани, и во план се уште многу други! Така што, ние бараме квалификувани кандидати кои ќе ја делат со нас: нашата визија, вредности и нашата посветеност кон нашите луѓе и кон нашата супериорна услуга кон клиентите.
Ние сме млади, но сме многу енергични во тоа што го правиме!
Што бараме ние?

Ние бараме Маркетинг Асистент, кој има одлични комуникациски вештини, креативност и организација, како и позитивен став кон работата.
Ова е прекрасна можност за оние кои сакаат да растат во еден од најголемите ланци на храна во светот и да стекнат вредно работно искуство.

Успешните кандидати мора да бидат професионални, љубезни и внимателни, а исто така да имаат способност да работат во динамична средина каде што е од суштинско значење вниманието кон деталите. Ќе бидете ангажирани од првиот ден и гарантираме дека времето поминато ќе ви биде исполнето.

Задачи & Обврски (некои од)
⦁ Дизајн и реализација на сите електронски и печатени материјали.
⦁ Поддршка на проекти од концепт до завршување врз основа на стандардите на брендот.
⦁ Тесна соработка со маркетинг менаџерот и асистенција за се што е потребно за неговите задачи.
⦁ Решавање жалби на клиентите преку телефон, е-пошта, пошта или социјални медиуми.
⦁ Брзо одговарање на барањата на клиентот.
⦁ Пишување статии поврзани со задоволството на клиентите, ПР текстови и Медиумски Објави.
⦁ Прави анкети со клиенти за да се соберат потребните податоци со цел да се зголеми продажбата.
⦁ Комуницира и се координира со другите сектори во компанијата.
⦁ Помага во други административни работи, доколку е потребно.

⦁ Потребни клучни вештини:
⦁ Одлични интерперсонални и комуникациски вештини.
⦁ Одлично пишување и комуникациски вештини на Македонски, Англиски и Албански.
⦁ Одлична способност за користење на социјални мрежи.
⦁ Одлични организациски и административни вештини.
⦁ Можност за користење на различен софтвер за дизајн како Adobe CS6 (Illustrator, Photoshop).
⦁ Способност за работа самостојно и во групи.

Како да аплицирате?
Ве молиме испратете го вашето CV и други релевантни документи на info@kfc-mk.com
со subject “Marketing Assistant”.

Сите документи мора да бидат на англиски јазик.
Последниот датум за пријава е 03.10.2013.

*Само кандидати кои ги исполнуваат нашите барања ќе бидат контактирани.

Аплицирај веднаш